Сите московски аеродроми се „буквално во хаотична состојба“, пишува британскиот печат, поради новите напади со беспилотни летала врз руската престолнина.
Сите влезни и појдовни летови се откажани поради напад со беспилотно летало камиказа, наводно испратено од Украина.
Според извештаите на надлежните служби, во Москва се слушнале експлозии, а градскиот противвоздушен систем успеал да ги лоцира и собори беспилотните летала.
Сепак, како што пренесуваат агенциите, две лица се повредени при пад на делови од соборениот дрон. Соопштено е дека остатоците од еден од двата беспилотни летала што денеска ги пресретнаа руските воздухопловни сили паднале врз градинарска куќа во градскиот округ Истра, пренесува „Известија“.
Покрај тоа, искршени се прозорците на три куќи. Службите за итна помош се на терен.
Министерството за одбрана на Русија претходно денеска соопшти дека два украински беспилотни летала се уништени над московскиот регион.
Едниот украински беспилотно летало е соборен од руската противвоздушна одбрана, а другиот е потиснат со електронско војување, пренесува РИА Новости.
Британски Дејли Мејл објави дека еден дрон паднал во близина на резиденцијата на главниот пропагандист на Путин, уредничката на Раша Тудеј, Маргарита Симонјан.