Група француски истражувачи откриле дека популарните освежителни напитоци Кока-кола и Пепси содржат траги на алкохол, пренесуваат француските медиуми.
Тестирањето, кое го спроведе Националниот институт за потрошувачка од Париз, покажа дека повеќето од половината од производи на Кока-кола, вклучително и истоимениот бренд, содржат алкохол.
Истражувањето покажа дека секое пакување на пијалокот содржи 10 милиграми алкохол по литар, што е 0,001 отсто алкохол.
Претставникот на Пепси, рече дека можно е во пијалоците на оваа компанија да има траги на алкохол, настанати во самиот процес на производство. Тој истакна дека постои можност овошјето кое се користи за напитоците да ферментира при производството.