„Кој оди по стапките на Асад, ќе заврши како него“

Од:

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска ги предупреди сириските бунтовници дека кој ќе ги следи стапките на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад ќе заврши како него.

Кац рече дека израелските ракетни бродови ја уништиле сириската воена флота во операцијата минатата ноќ како дел од широката кампања за елиминирање на стратешките закани за земјата.

„Израелските одбранбени сили дејствуваа во текот на изминатите неколку дена за да ги нападнат и уништат стратешките способности што и се закануваат на државата Израел“, рече Кац, додавајќи дека на екстремистичкиот исламистички терористички ентитет нема да му биде дозволено да дејствува против Израел надвор од нејзините граници.

Кац, во посета на поморската база во Хаифа на северот на Израел, ден откако сириската флота беше уништена со проектили истрелани од воени бродови, ги информирал високите офицери како е извршена операцијата, пренесоа израелските медиуми.

„Ќе направиме се за да ја елиминираме таа закана“, рече Кац, заканувајќи се дека секој ентитет што претставува закана за Израел ќе биде безмилосно мета.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел