„Египет чека нов претседател и се подготвува за најлошото“, пишуваат денешните медиуми во Египет во пресрет на резултите за новиот претседател. Расте загриженоста поради можната ерупција на насилствата дококолку победи поранешниот генерал. Муслиманското братство се подготвува за Мурси, а безбедносните служби се подготвуваат за инцидентите доколку победи Шафик.
Денеска на прес – конференција во 15 : 00 часот по локално време ќе бидат објавени конечните резултати кој е новиот претседател на најбројната арапска нација во светот. Дали тоа ќе биде поранешниот воен офицер или пак членот од Муслиманскотот братство.
Резултатите од вториот круг ќе бидат историски за Блискиот исток, но нема да стават крај на судирите помеѓу војската и исламистите.
Муслиманското братство вели дека Мохамед Мурси e победник во трката дури и со контролата од генералите на Мубарак кои се уште се немаат откажано.
Активистите на Муслиманскотот братство и либералите кои протестираа минатата година против Мубарак, може повторно опасно да реагираат ако изборната комисија објави дека победникот е Ахмед Шафик, поранешниот командант на воздушните сили и последен премиер од владата на соборениот претседател.
Многумина од Египјаните победата на Шафик ја гледаат како смртен удар за протестите од минатата година.