Кои се „џуџињата на Дедо Мраз“ во американската дипломатија?

Од:

БТА – Софија

Оние кои се жалат дека не можат да пронајдат соодветен подарок за некој човек кој веќе има се, треба да помислат на оние чија секојдневна работа е да пронаоѓаат идеален подарок за владетелите низ светот. Таква е работата на вработените во одделот за протокол при американскиот Стејт департмент.

Далеку од работилницата на Дедо Мраз на Северниот пол, „неуморните џиџиња“ во тој оддел на американската надворешна политика треба секоја година да одберат и спакуваат десетици подароци кои неизбежно треба да ги носат американските државници за време на нивните посети. Службениците во оделот треба исто така да ги попишат сите подароци кои ќе ги добијат претседателот Барак Обама, потпретседателот Џо Бајден и државниот секретар Џон Кери, како и нивните сопруги.

Американските претседатели понекогаш добиваат од странски гости или за време на нивнте посети во странство и по 15 илјади подароци годишно. Подароците кои се поскапи од 375 долари се предаваат во Националниот архив, каде се попишуваат и чуваат. Тие и припаѓаат на државата и ако сакаат да си ги повратат некои од подароците што ги добиле, можат да ги откупат по пазарни цени.

Така на пример поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон потрошила 970 долари за да откупи ѓердан од црни бисери кој и го подарила опозиционерката од Мјанмар и нобеловка Аун Сан Су Чи. Тереза Кери, сопругата на сегашниот државен секретар Џон Кери платила 425 долари за накитот од сребро и корали, кој и го подарил претседателот на Јемен, Абд Рама Мансур Хади.

Во 2013, првата дама Мишел Обама добила од кралицата на Брунеи обетки, прстен и ѓердан од бело злато со жолти сафири и дијаманти во форма на цвет. Цената на накитот била 71.000 долари. Првата дама на САД го примила подарокот затоа што ако го одбиела, тоа можело да ја стави во незгодна ситуација, исто како и оној кој го дава подарокот, така што американската влада го завела во списокот на официјални подароци кои ги добил претседатеот на САД и неговата поубава половина.

Во 2013, Барак Обама добил мноштво вазни, слики и скулптури, но исто така и шкаф со сини рабови од Перу, компакт диск со песни кој му го подарил британскиот премиер Дејвид Камерон, рачно изработен барабан од Сенегал, кожа од зебра од Танзанија и порцелански чинии од рускиот претседател Владимир Путин. Мишел Обама пак добила обетки од сребро и син кристал од поранешната сопруга на францускиот претседател Франсоа Оланд – Валери Трирвилер. Помеѓу подароците имало и книга-готвач од францускиот кулинарен експерт Ален Дјукас. Вкупната вредност на подарокот била 435 евра.

Подароците кои ги добива семејството Обама може да станат достапни и за јавноста, но оние кои ги подаруваат Американците на странски лидери остануваат добро чувана тајна. Во одделот за протокол во Стејт департментот се подготвува список за да не се дозволи грешка еден подарок да биде даден два пати на еден ист лидер. Откако ќе се потврди предадената дипломатска визит карта, одделот за протокол започнува да бара соодветни подароци. На крај, меѓу предложените варијанти за подароци го избираат најсоодветниот.

Вообичаено подарокот се избира врз основа на проучување на интересите на оние кои ќе го добијат, бидејќи се подаруваат производи од американско потекло. Така на пример, на папата Франциско, Барак Обама му подарил кутија со девет вида семиња од градината во Белата куќа, со надеж дека ќе бидат посадени на фармата на Ватикан во Касетл Гандолфо. Кутијата била изработена од дрво, склопена во базиликата во Балтимор – првата катедрала во САД, и украсена со бакарна репродукција на Статуата на слободата.

Но, исто така се случуваат и гафови. На пример, во 2009 година Обама му подарил на тогашниот британски премиер Гордон Браун колекција од дивидија со 25 американски класични филмови во формат кој не можел да се гледа на плеерите во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак