Кога сте важен претседател, во опасност сте – прво интервју на Трамп по нападот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето прво интервју по пукањето на вечерата на дописниците од Белата куќа изјави дека тој и првата дама се снашле добро и го пофали одговорот на безбедносните служби.

Во разговор за Фокс њуз, Трамп го опиша настанот како „многу тажна вечер во многу погледи“, но и вечер каде „се собрале многу луѓе“.

Претседателот истакна дека Тајната служба и полицијата реагирале „одлично“.

„Тој влетал како играч на американски фудбал, но веднаш бил запрен. Дури не се приближил ниту до вратата, ниту поминал покрај неа“, рече тој.

Тој, исто така, коментираше за информациите дека осомничениот имал манифест во кој наводно ги таргетирал службениците на неговата администрација.

Трамп рече дека е „болна и многу проблематична личност“ која, тврди тој, „ги мрази христијаните“.

„Се чини дека веќе некое време негува омраза. Тоа беше религиозна работа, силно антихристијанска“, рече тој, иако полицијата сè уште не утврдила мотив за нападот.

Тој додаде дека слушнал дека братот на осомничениот наводно претходно ја известил полицијата.

„Слушнав за ситуацијата и би сакал да не информираа малку порано, но такве како што е“, рече тој.

Трамп повтори дека пукањето ја покажува потребата од изградба на безбедна сала во комплексот на Белата куќа.

Тој рече дека проектот веќе е во изградба, се движи пред предвидениот рок и е во рамките на буџетот.

Кога беше прашан за организирање на идни настани во хотелот Хилтон, тој рече дека тоа секогаш е предизвик „кога имате илјада соби“.

Не одговори за финансирањето на безбедноста.

Кога беше прашан дали инцидентот ќе го натера Конгресот да одобри финансирање за Министерството за внатрешна безбедност, Трамп не одговори директно, но повторно ја пофали работата на полицијата.

Тој додаде дека не сфатил колку е опасно претседателството.

„Ако сте значаен претседател, сте во поголема опасност отколку ако не сте“, рече тој.

Трамп, исто така, потврди дека планираната посета на Соединетите Држави од страна на британскиот крал Чарлс и кралицата Камила ќе се одржи.

„Тој е одличен човек и со нетрпение го очекуваме неговото пристигнување. Тој ја претставува својата земја фантастично“, рече Трамп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик