Коен: Платив на фирма за да манипулира со анкети во корист на Трамп

Од:

Поранешниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен објави денеска на Твитер дека платил на фирма за да манипулира со податоци од онлајн анкета во „исклучителна корист“ на Трамп.

„Волстрит Журнал“ објави дека Коен и платил на фирмата „Редфинч солушн“ да манипулира со податоците од две истражувања за јавното мислење за Трамп пред почетокот на неговата кампања за претседателските избори во 2016 година.

– Што се однесува до написите на „Волстрит журнал“ за местење анкети, тоа што јас го правев беше насочено и во директна корист за претседателот Доналд Трамп. Искрено, жалам поради слепата лојалност кон човек кој не ја заслужува, напиша Коен на Твитер.

Минатиот месец Коен беше осуден на три години затвор поради незаконски исплати на „пари за молчење“ на жени со цел да му помогне на Трамп во предизборната кампања и за лажење во Конгресот во врска со предлог-проектот „Кулата на Трамп“ во Русија.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да ги назначи криптовалутите како национален приоритет за САД

Орбан: Ќе се раздени ново утро на Западот откако Трамп ќе ја преземе власта

Трамп ги именуваше Гибсон, Сталоне и Војт за специјални претставници во Холивуд

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

Вашингтон пост: Трамп размислува за суспендирање на забраната на TikTok за 60 до 90 дена