Коцијанчич: За ЕК е неприфатливо насилството како одговор на протестите во Хонгонг

Од:

Европската комисија денеска соопшти дека неприфатливо е насилството како одговор на ескалираните антивладини протести во Хонгконг и властите ги повика да делуваат „строго сразмерно“.

-Видовме извештаи дека полицијата апси медицински персонал додека се обидува да пружи помош на повредените, што е извор за длабока загриженост, изјави на брифинг портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Маја Коцијанчич, пренесена од британските медиуми.

Според неа, секое насилство е неприфатливо и било каква акција на органите за спроведување на редот мора да остане строго сразмерна на однесувањето на демонстрантите, но мора да се почитуваат и темелните слободи, вклучувајќи го и посебното право на мирно собирање и изразување.

Коцијанчич изјави дека ЕК ги повика сите страни да се воздржат и вклучат во напорите за смирување на ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер

Зеленски бара пет милијарди евра од ЕУ