Коцијанчич: Вратата кон ЕУ останува отворена за Исланд

Од:

Европската унија ја прифати одлуката на исландската влада за замрзнување на преговорите за членство, но ќе продолжи да гради партнерски односи со островската држава, изјави денеска Маја Коцијанчич, портпарол на комесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Ја почитуваме слободната и суверена одлука на исландската влада, а вратата кон ЕУ останува отворена, изјави Коцијанчич пред новинарите во Брисел.

Исланд официјално ја одложи одлуката за повлекување до преговорите за членство во ЕУ по протести на граѓани, кои бараа распишување на референдум за ова прашање.

– Исланд не е формално повлечен, туку само ги замрзнува преговорите на две години, истакна Коцијанчич, додавајќи дека откажувањето на Исланд од влез во ЕУ нема да влијае на процесот на проширување на унијата.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски