Религиски текст напишан на кожа може да ги затресе темелите на христијанството откако иранските медиуми почнаа да објавуваат информации дека во неа се најавува второто враќање на пророкот Мухамед.
Книгата е пронајдена при една американска воена опрерација на Турција уште во 2000 година и научниците веруваат дека датира од петтиот век.
Турските официјални служби тврдат дека се работи за евангелие на еден од исусовите следбеници Варнаба.
Наспроти тврдењата на иранските медиуми кои велат дека Евангелието го највува враќањето на пророкот Мухамед кој ќе го спаси светот од гревот и во него пишува дека Исус никогаш не бил распнат, туку дури и тој го најавил доаѓањето на Мухамед, останатите медиуми сметаат дека се работи за ефтина антихристијанска пропаганда.
Ерик Стакелбек, експерт за тероризам смета дека ова е плод на режимот на Иран кој по секоја цена сака да го искорени христијанството.
Книгата е напишана на стар сиријски јазик, во моментот се наоѓа во Палатата на правдата во Анкара, но наскоро ќе биде пренесена под полициска заштита во етногравскиот музеј.
Вистина или не, нејзината приказна го привлече вниманието на Ватикан.