Клинтон со поддршка во борбата против корупцијата во светот

Од:

САД поддржуваат борба против корупција ширум светот и заедно со своите партнери се борат за процесуирање на одговорни како и за спречување на перењето пари, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон по повод Меѓународниот антикорупциски ден.

Во соопштение на Стејт департментот се вели дека 2012 година била успешна година и се додава дека сега 58 држави во светот се вклучени во програмата на партнерство Отворена влада, која им помага на државите во соработката во борбата против корупцијата.

САД се одлучни да се борат против корупцијата и да спречат деструктивен удар што го предизвикува врз општествата во светот, се вели во изјавата на Клинтон. САД заедно со своите партнери работи на промоција на закони со кои кривично ќе бидат гонети корумпирани поединци. Таа наведува дека САД ги поздравуваат сите оние кои се борат да одржат отворени општества во светот.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски