Клинтон: САД никогаш не треба да бидат вмешани во тортура

Од:

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека е горда што била дел од администрацијата која забранила илегални испорачувања и брутални испитувања на осомничени лица за тероризам и додаде дека САД никогаш не  треба да бидат вмешани во туртура никаде во светот.

– Денес можеме да кажеме гласно и јасно дека САД никогаш не треба да одобруваат и спроведуваат туртура никаде во светот, нагласи таа по прмањето на наградата на Центарот за правда и човечки права, Роберт Ф. Кенеди.

– Тоа треба да биде апсолутно јасно како прашање и политика и закон вклучувајќи ги нашите обврски од меѓународни договори, додаде таа.

Тоа е нејзина прва реакција на извештајот на Сенатот објавен минатата недела дека ЦИА користела неодобрени и брутални методи за испитување осомничени за терорирзам во период по терористичките напади во Њујорк и Вашингтон од 11 септември 2001 година.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски