Климатските промени и Европската унија: Прашања и перспективи

Од:

Глобалното затоплување доведува до екстремни временски појави, како што се поплави, суши, обилни врнежи, топлотни бранови и шумски пожари, како и до проблеми кои се однесуваат на исчезнување на ледниците и раст на нивото на морето. Исто така, доаѓа до промени во просторната распореденост на растителниот и животинскиот свет, болести или изумирање на одредени видови. Покрај тоа, се претпоставува дека ќе дојде до недостиг на храна и вода за пиење, зголемена концентрација на фотохемискиот смог, кој предизвикува здравствени проблеми, како и до миграција на луѓето кои бегаат пред овие опасности.

Научно е докажано дека ризикот од неповравните и катастрофални промени многу би се зголемил ако глобалното затоплување порасне за над 2 степена Целзијусови, над просечната вредност од прединдустриското време.

Целта на климатската политика на ЕУ поради тоа е ограничување на глобалното затоплување на 2 степена над просечната температура од прединдустриското време. ЕУсе обврза дека до 2020 година ќе ја намали емисијата на штетните гасови за најмалку 20 отсто под нивото од 1990 година и дека истовремено ќе ја зголеми енергетската ефикасност за 20 отсто и уделот на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка 20 отсто. Системот за тргување на емисијата на штетните гасови во ЕУ (ЕТС) претставува клучен механизам во остварувањето на таа цел.

Иницијативата која се залага за спроведување на овие три амбициозни цели стана позната како климатски и енергетски пакет, па е преточена во четири обрзувачки законодавни мерки: ревидиран Систем за тргување со штетните гасови во ЕУ, Одлука за распределба на товарот, Директива за обновлива енергија и Директива за фаќање и складирање на јаглерод диоксидот (ЦЦС).

Во почетокот на јуни, на меѓународната конференција за климатските промени која се одржа во Бон, речено е дека ЕУ треба да ги интензивира напорите и пред 2020 година значајно да се намали ефектот на штетните гасови.

Кони Хедегард, европска комесарка за борба со климатските промени, рече дека иако сите веќе се концентрирани на периодот по 2020 година, акциите (со цел за борба против глобалното затоплување) треба да бидат интензивирани и пред тоа.

Таква оценка следеше по два дена откако Вашингтон ги соопшти своите цели во рамки на борбата против климатските промени за период до 2030 година. Според проценка на ЕУ, ефектот на штетните гасови до 2020 година во однос на 1990 година, може да биде намален за 24 отсто. Претходно поставената цел беше намалување на штетните гасови за 20 отсто.

Миодраг Дакиќ од Центарот за животна средина од Бањалука вели дека ЕУ институциите се многу заинтересирани за прашањето за климатските промени, но резултатите во запирање на тие промени се прилично скромни.

– Кога зборуваме за институциите на ЕУ, треба да се има предвид дека политиката на ЕУ во која било  област каде постојат различни интереси, а климатските промени се една од тие области, се темели на константни судири. Причина за тоа е што за политиката на климатските промени директно е поврзан огромниот финансиски интерес на моќните индустрии, што додуша не е специфичност на ЕУ, туку се случува ширум светот. Корпорациите и групациите во секторот за фосилни горива, а посебно во нафтената индустрија, вложуваат огромни финансиски и политички средства за да спречат донесување на одлуки кои би ги спречиле климатските промени. Причината за тоа е многу едноставна, таа индустрија најмногу придонесува за климатските промени, па било која мерка која значајно би ја ограничила емисијата на штетните гасови директно би влијаела на нивната работа и профитот. Меѓутоа, тука се и некои други индустрии, како што се дрвната, земјоделието, автомобилската индустрија и други, но и владите на државите кои имаат силно развиени индустрии во овие области, кои се обидуваат и за сега во голема мера успеваат, да го успорат или целосно да го оневозможат донесувањето на ефикасна политика за спречување на климатските промени – вели за БУКА, Дакиќ.

Да се донесуваат вистински одлуки

Се додава и дека покрај таквите околности, ЕУ успеа да донесе некои политики и стратешки рамки кои даваат надеж и можност да се вршат притисоци на одговорните за да почнат да донесуваат одлуки кои конечно ќе покренат успорување на климатските промени.

Дакиќ вели дека неколку документи се клучни во оваа област, а една од главните цели е таа дека глобалната температура да не се зголемува над 2 степена целзијусови.

– Таа граница е означена како горна сигурна граница на климатските промени и е претпоставка дека со глобално затоплување од 2 степена ќе имаме шанса да избегнеме сценарио какво што имавме можност да го видиме на филмови. Меѓутоа, голем број научници сметаат дека и тоа зголемување на температурата е пат без враќање, а дека 2 степена Целзијусови е избрана, бидејќи за пониска вредност не може да се постигне политички консензус во земји кои се големи загадувачи. Досегашните последици од климатските промени од само 0,8 степени, покажуваат дека 2 степена можат да донесат катастрофални последици – вели Дакиќ.

Кога зборуваме за политиката на ЕУ, Дакиќ објаснува дека тука пред се има пакет мерки кои се познати како 20-20-20, а претставува три цели:
1. До 2020 година уделот на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на енергија да се зголеми за 20 отсто.
2. Енергетската ефикасност да се зголеми за 20 отсто и
3. Да се намали емисијата на гасови што предизвикуваат стаклена градина за 20 отсто во однос на 1990 година.

– Вториот документ е рамка за енергетската и климатската политика до 2030 година, околу која моментално се кршат копја за целните вредности во наведените три области. Иако веќе треба да биде усвоен, во март оваа година е одлучено конечна одлука да се донесе во октомври. За сега се дискутира за намалување на емисијата на гасови на стаклена градина за 40 отсто и најмалку 27 отсто енергија од обновливи извори. Третиот и нај амбициозен документ е мапа на пат за 2050 година, која има за цел до 2050 година емисијата на штетните гасови да се намали за 80 до 95 отсто, во однос на 1990 година – истакнува тој.

Позицијата во БиХ

Дакиќ вели дека нашите власти кон проблемот за климатските промени се однесуваат како тоа да се случува на некоја друга планета.

– Меѓутоа, тоа не не изненадува, со оглед на тоа дека институциите на ентитетско и државно ниво се полни со некомпетентни луѓе, а од друга страна, тука се и политичките притисоци да не се воведуваат никакви ограничувања за инвестициите. Дури, може да се стекне и впечаток дека инвеститорите ги диктираат правците на поедини сектори, а добар пример е стратегијата за енергетиката, која е игнорирана во случајот на одлуката за изградба на ТЕ Станари и ТЕ Углевик 3, како и многу мали хидроелектрани. Имајќи предвид дека БиХ е потписничка на конвенцијата на ОН за климатските промени и Кјото протоколот, но дека спаѓа во групата на земји во развој кои немаат обврска да ги намалат своите емисии на гасови на стаклена градина, тоа претставува многу комотна ситуација за домашните институции – вели тој.

Тој истакна дека ова посебно се однесува на Министерството за просторно уредување, градежништви и екологија на РС.

– Тоа е т.н. фокал поинт за БиХ, па е нај одговорно за прашањата за климатските промени во БиХ. Еве јас би поставил прашање: кога било кој од граѓаните во БиХ слушнал дека министерството на овој план направило нешто конкретно, освен патувања по конференции и донесување на документи кои не се спроведуваат – вели нашиот соговорник.

Имајќи предвид дека БиХ е речиси целосно закочена на патот кон исполнување на условите за приклучување во ЕУ, Дакиќ вели дека многу мали се можностите кои се отворени за БиХ.

– Она што ЕУ и понатаму го спроведува е изградба на капацитети во институциите, т.е. обука на службеници и помош при донесување на закони и планови. Меѓутоа, како и во многу други области, БиХ не го користи вистинскиот начин дури ни за овие можности, кои целосно се бесплатни – истакна Дакиќ.

За нашата иднина кога се во прашање климатските промени, Дакиќ вели дека тоа е многу комплексно и чувствително подрачје, бидејќи прогнозите се на скала од лошо до катаклизмично.

– Иднината во голема мера зависи од следните пет до десет години, т.е. какви одлуки ќе се донесат и ќе се спроведуваат од локално до глобално ниво. Ако се направи пресврт во однос на климатските промеи, т.е. сваќање на природните и општествените причинско-последични врски, тогаш можат да се остварат прогнозите дека сме на почеток на шестото глобално изумирање.

Меѓутоа, ако во тој период се покренат позитивните и разумни сили во општествата ширум светот, тогаш ќе биде можно да се избегнат најголемите можни последици од климатските промени – вели Дакиќ од Центарот за животна средина.

Ако тоа го успееме, а Дакиќ се надева дека сепак ќе успееме, нашите навики ќе доживеат големи промени, бидејќи дури и без климатските промени, ние ги трошиме и уништуваме ресурсите на планетата неспоредливо побрзо од што тие се обновуваат. Имаме знаење и технологии за овој нужен пресврт, но прашање е дали ќе имаме политичка сила и мудрост што побрзо да почнеме да се занимаваме со овие суштински проблеми на нашето општество.

Бука – Сараево

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија