Кличко: Одобрен е планот за евакуација на украинската престолнина

Од:

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска изјави дека властите на украинската престолнина го одобрија планот за евакуација во случај на руска инвазија, соопшти прес-службата на градоначалникот.

-Градските служби веќе работат на спречување на вонредна ситуација од воена природа. Нашите напори се насочени кон спречување или надминување на можни провокации и на спротивставување на воен напад, рече Кличко, цитиран од Тасс.

Според градоначалникот, „за Киев е одобрен планот за евакуација, што ја одредува локацијата на центрите за евакуација, потребниот број возила и безбедните регионÐ ¸ за сместување на евакуираните“.

Загриженоста за наводните подготовки на Москва за инвазија на Украина во последно време се повеќе се изразува на Западот и во Киев.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги осуди ваквите изјави како празна и неоснована ескалација на тензиите, нагласувајќи дека Русија не претставува закана за никого.

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он