Клаус: Не сакам да ја затворам вратата пред активната политика

Од:

Чешкиот претседател Вацлав Клаус, по заминувањето од функцијата на 7 март не сака „да ја затвори вратата пред активното учество во политиката”, јави дописникот на МИА од Прага.

– Мојата првична амбиција е да „седнам” во Институтот кој го основав неодамна и кој е во стилот на американските Претседателски библиотеки и да бидам покрај политичарите. Не директно во политиката. Но, пред активната политика не сакам да си ги затворам вратите. Ќе видиме, изјави Клаус за регионалниот портал „Деник”.

Клаус, кој веќе два петгодишни мандати е претседател на Чешка претходно изјавуваше дека по завршувањето на функцијата ќе се вклучи во јавната политика со свои анализи и студии.

Некои негови последни чекори и изјави, пред се по прогласувањето на широката амнестија која опфати неколку илјади лица предизвикаа големи контроверзии и критики.

Седумдесет и едногодишниот шеф на чешката држава се почесто изјавува дека некој сака да го заплаши и да го одврати од враќањето во политиката.

На прошталната средба со дипломатите тој рече дека планира и натаму да патува во странство и верува дека ќе има повеќе време за учество на меѓународни средби и конференции.

Неговата канцеларија претходно соопшти, дека Клаус по заминувањето од функцијата ќе биде соработник американскиот конзервативен институт „Кејто”.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица