Клаус е убеден дека целта на обвинувањето за велепредавство е негово оцрнување

Од:

 Чешкиот претседател Вацлав Клаус е убеден дека зад уставната жалба против него за наводно велепредавство, поднесено од Горниот дом, Сенатот не стојат причините кои се јавно соопштени, јави дописникот на МИА од Прага.

– Тажен сум од тоа до кој степен падна нашата политика. Одлуката на Сенатот е кулминација на несреќниот тренд, кој не е од вчера или минатата недела. Тоа е последната точка, последната капка и „од тенџерето веќе се прелева“, коментираше Клаус, додавајќи дека жалбата поднесена до Уставниот суд за негово наводно велепредавство има за цел само да го оцрни.

Претседателот на Чешка, чија функција завршува на 7 март се соочува со обвинението поради амнестијата која ја прогласи на почетокот на оваа година.

Освен за контроверзната амнестија, која опфати околу 20.000 луѓе, сенаторите го критикуваат Клаус и за тоа дека до сега не го потпиша Лисабонскиот договор за новиот Фонд на еврозоната, како и дека го одолговлекуваше потпишувањето на додатокот кон Европската социјална повелба. Во жалбата се наведува и дека Клаус повеќе од една година нема именувано нов уставен судија и покрај двата неуспешни обиди не понуди друга номинација „со што сериозно го загрози работењето на Уставниот суд“.

Доколку уставната жалба биде успешна, Клаус ќе го изгуби правото на претседателската пензија и останатите финансиски додатоци, но најглавно ќе биде тоа што ќе биде „негативно обележан“ и тоа ќе влијае на неговите можни политички ангажмани во иднина. Одлуката на Сенатот, го изненади премиерот Петр Нечас.

– Не паметам дека би се сретнал со така ниска политичка и човечка мизерија како што е чекорот на сенаторите. Се срамам од нив, срам да им е, го осуди овој чекор Нечас. Поднесувањето на уставната жалба ја осуди и идниот чешки претседател Милош Земан, кој на функцијата треба да стапи на 8 март.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица