Ќерката на Раул Кастро организираше марш во Хавана против хомофобијата

Од:

Стотици Кубанци учествуваа во првиот дозволен марш против хомофобијата во Куба, како и за давање права на хомосексуалците во оваа карибска земја.

Протестите се одржаа низ главните улици во центарот на Хавана. Учесниците на маршот ги предводеше Маријела Кастро, ќерка на кубанскиот лидер Раул Кастро и претседател на кубанскиот Центар за сексуално воспитување. Таа е и раководител на кампањата за хомосексуални права на луѓето во Куба.

Пред Раул Кастро (82) во 2008 година да го наследи својот болен брат, долгогодишниот кубански лидер Фидел Кастро, во Куба беа целосно забранети секакви протестни маршеви на активистите против хомофобијата на островот.

Учесниците на протестот формираа долга колона од танчери и свирачи на популарниот кубански инструмент конга, носејќи знамиња со боите на виножитото, традиционалното обележје на активистите за давање права на хомосексуалците. Во протестната колона се носеле и транспаренти на кои пишувало „Хомофобија- не, социјализам- да“.

Некои од учесниците во маршот, инаку хомосексуалци, изјавија дека последниве години на Куба е забележан „голем напредок“ околу третманот на хомосексуалноста.

Маријела Кастро пред учесниците на протестниот марш изјави дека верува оти на Куба „би можело да се дозволат и геј бракови“, а како причина за отпорот што сега постои, таа ги наведе „предрасудите на луѓето“.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ