Ќерката на лидерот на Хамас се лекувала во Израел

Од:

Ќерката на лидерот на исламистичката палестинска организација Хамас, Исмаил Ханија, кој важи за заколнат непријател на еврејската држава, се лекувала во една болница во Израел.

Претствник на болницата „Ичилов“ во Тел Авив потврди дека ќерката на Ханија минатиот месец била итно примена на лекување, но одби да соопшти за кого станува збор, како и да го каже името, настојувајќи да се зачува приватноста на пациентот.

Висок претставник на Министерството за здравство во Појасот Газа ја потврди информацијата од Тел Авив, но рече дека станува збор за „близок роднина“ на Ханија, несакајќи да биде попрецизен околу идентитетот.

Локалните палестински медиуми сега тврдат дека на лекување во Израел била сестрата на поранешниот палестински премиер Ханија, иако се верува дека израелската верзија за идентитетот е точна.

Медицински извори во Газа објаснуваат дека „ќерката на Ханија“ тешко заболела, па кога нејзнината здравствена состојба станала критична, била итно префрлена во Израел и задржана на лекување.

Откако кризата била надмината, таа по двонеделен третман, била вратена во Газа каде продолжило лекувањето. Не се соопштува природата на болеста, освен што здравствените власти во Газа соопштуваат дека ќерката на Ханија се наоѓа во „стабилна здравствена состојба“.

Ова не е прв пат некој од најблиските роднини на лидерот на Хамас да бидат испратени на лекување во Израел, без разлика што израелските власти би го уапсиле Ханија ако би биле во можност.

Минатата година на лекување во една израелска болница била префрлена и неговата едногодишна внука, која според признанието на синот на Ханија и покрај интервенцијата на израелските лекари не можела да биде спасена, па малечкото подоцна починало во Газа.

Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека секоја година „илјадници пациенти“ од Појасот Газа, добиваат дозвола да ја преминат границата и да побараат медицинска помош во некоја од израелските болници.

Хамас и Ханија кои управуваат неколку години со Газа се противат на постоењето на државата Израел и заговараат нејзино уништување. Изралеската армија, до пред крајот на август 50 дена ја бомбардираше Газа, во обид да ги уништи подземните тунели на припадниците на военото крило на Хамас, преку кои нивни терористи се инфилтрираат во Израел и да ги ликвидира резервите со ракети, што се лансираат на израелската територија.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња