Ќерката на Че Гевара за прв пат проговори за својот татко

Од:

Ќерката на иконата на Јужна Америка, револуционерот Ернесто Че Гевара проговори за прв пат за својот татко.

Додека за цел свет тој беше големиот Че, за Алеида Гевара тој бил само Папи.

Алеида имала едвај седум години кога нејзиниот татко далечната 1967 бил егзекутиран во прашумите на Боливија од агенти на ЦИА.

За Дејли мирор, Алеида раскажала како се сеќава, како нејзиниот татко од време на време доаѓал да ги посети, но исто како што доаѓал неочекувано, така и исчезнувал.

Сега 45 години по смртта Гевара раскажува како се до нејзината 16 –та година се прашувала „Зошто треба да го сакам својот татко? Па тој никогаш не беше поред мене?“

„Но потоа ми дојдоа во сеќавање сите моменти поминати со него и сфатив дека тој беше човек што знаеше да сака, па затоа сосема разбирливо е дека и јас треба да му ја возвратам љубовта.“

Алеида, е најстарото дете од четирите од вториот брак на Че .

51 годишната, докторка по професија вели дека од оваа дистанца е пресреќна што може да каже дека нејзиниот татко е вистинска револуционерна икона чиј лик краси од шишиња водка, до бикини кој гордо ги носат ликови како моделот Жизел Бундхен и поп дивата Ријана.

Но сепак во првото интервју за јавноста признава дека понекогаш се лути што ликот на нејзиниот татко е експлоатиран за економска заработка.

Во интервјуто во кое сосема отворено зборува за сеќавањата за својот татко, Алеида раскажала дека дознала од постери залепени низ улиците на Хавана дека нејзиниот татко бил егзекутиран.

Веќе следниот ден нејзината мајка им прочитала писмо кое започнувало со зборовите: Ако го читате ова писмо, значи дека мене повеќе ме нема.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он