Ќе се снима филм за папата Францис

Од:

Игран филм за животот на Хорхе Марио Бергољо, од детството до избирањето за папата, следната година ќе се снима во Аргентина, а главната улога ќе ја има аргентинскиот актер Дарио Грандинети, пренесе Мета.

Снимањето на филмот, кој ќе го режира Шпанецот Беде Докампи Феијао ќе започне во јануари, а ќе се врши на локации во Буенос Аирес, Мадрид и Рим, соопшти продуцентската купа „Пампа филм“.

Грандинети досега има играно во околу триесет филмови, но во Европа стана познат по неговата улога во филмот на Педро Алмодовар од 2002 година, „Зборувај со неа“.

Сценариото е инспирирано од биографијата на Хорхе Бергољо, „Френцис: Животот и револуција“, на авторката Елизабета Пике, новинарка во аргентинскиот весник „Ла Национ“.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска