Кисинџер предлага Крим да го добие Русија и да престане војната

Од:

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер предложи да и се дадат територијални отстапки на Москва за да се стави крај на војната во Украина. Ова наиде на поделени мислења.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одлучно ја отфрли можноста за правење територијални отстапки на Русија со цел да се стави крај на војната. Што и да направи Русија, секогаш има некој што ќе каже „Да ги земеме предвид нејзините интереси“, рече Зеленски доцна синоќа во своето видео обраќање, пишува Дојче веле.

Изјавата беше заснована на предлогот на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој на Светскиот економски форум во Давос оваа недела рече дека Украина треба да и го отстапи полуостровот Крим на Русија, кој Русија го анектираше во 2014 година. Кисинџер зборуваше за „статус кво анте“, односно за повторно воспоставување на ситуацијата како што беше на теренот пред почетокот на војната во Украина на 24 февруари. Дотогаш Русија формално го контролираше Крим и неформално, регионите Луганск и Доњецк.

Кисинџер предупреди на опасноста од понижувачки пораз на Русија, што, според него, ќе ја загрози стабилноста на Европа на долг рок.

„Се добива впечаток дека во календарот на г-дин Кисинџер не пишува 2022 година, туку 1938 година, и дека тој верува дека тој не зборува во Давос, туку во Минхен пред публика во тоа време“, рече Зеленски. Во Минхен во 1938 година, Велика Британија, Франција, Италија и Германија потпишаа договор со кој му ја ветуваа на Адолф Хитлер Чехословачка, со цел да го убедат да се откаже од понатамошни освојувања. Но, една година подоцна Хитлер ја нападна Полска и на тој начин ја започна Втората светска војна.

„Оние кои ја советуваат Украина да и даде нешто на Русија, овие „големи фигури на светската политика“, никогаш не гледаат обични луѓе, обични Украинци, милиони кои живеат во областа, а кои сакаат да ги разменат за илузорен мир“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор