Кишида: Јапонија ќе разгледа воведување дополнителни санкции кон Русија

Од:

Јапонија ќе разгледа воведување дополнителни санкции кон Русија, изјави денеска премиерот Фумио Кишида, по обраќањето на украинскиот претседател Володомир Зеленски во јапонскиот парламент.

Пред заминувањето за Брисел, на самитот на Групата седум најразвиени земји во светот (Г-7), Кишида пред новинарите изјави дека неговата влада ќе разгледа и давање дополнителна финансиска и хуманитарна помош на Украина.

Кишида претходно најави 100 милиони долари помош за Украина.

„Сакам уште еднаш да истакнам дека Јапонија е со Украина“, рече Кишида.

Зеленски, денеска во видео обраќање пред јапонските пратеници, изрази задоволство за тоа што Јапонија е „првата азиска држава која извршила притисок“ на Русија по нејзината инвазија на Украина и апелираше Токио да продолжи со воведување санкции кон Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина