Кишида: Јапонија ќе прифати бегалци од Украина

Од:

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека неговата држава ќе прифати бегалци од Украина, бидејќи Русија го напаѓа својот источноевропски сосед.

Премиерот Кишида денеска рече дека понудата вклучува Украинци кои побегнале во Полска.

„Планираме да започнеме прво со оние со семејства и пријатели во Јапонија, но нема да застанеме тука и ќе одговориме од хуманитарен аспект“, нагласи Кишида.

Јапонија обично прифаќа само неколку десетици бегалци годишно од илјадници апликанти, а нејзините граници во моментов се затворени практично за сите странски посетители за да се спречат инфекциите со Ковид-19.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Макрон: Целта на Франција е да изгради цврст, траен мир во Украина

Зеленски: Се надевам дека војната ќе заврши оваа година

Трамп: Конфликтот во Украина може да доведе до Трета светска војна

Макрон: Некои европски земји би биле подготвени да имаат мировни сили во Украина

Фон дер Лајен: Украина може да стане членка на ЕУ и пред 2030 година доколку продолжи со реформите