Киселите дождови ги претвораат канадските езера во желе

Од:

Канада е дом на некои од најубавите езера во светот, но многу од нив се под ризик за „желатизинирање“, стои во извештај кој беше неодамна објавен во списанието Процедури од Кралското општество на биолози.

Авторите на студијата, предводени од екологот Џон П. Смол, откриваат дека индустриското загадување кое трае повеќе од еден век го извлекло калциумот од езерата. Посебно киселите дождови и намалувањето на шумите се најголемите двигатели за оваа декалцификакција, која Смол ја нарекува „остеопороза на водата“.

– Веќе илјадници години постоеше баланс, ми рече Смол во телефонски разговор. „Потоа дојда киселите дождови – како неконтролиран експеримент. Тоа изгледа како вметнување  оцет во таблета алкаселцер. За кратко, колку и да имал калциум во таблетата тој брзо ќе се ослободи, па за кратко време езерата имале високо ниво на калциум. Но на крајот, калциумот кој лесно се остранува просто исчезнувал“.

Сечењето на шумите исто придонесува за овој брза загуба на калциумот во езерата. „Ако исечете дрво и го оставте таму да трулее, калциумот ќе навлезе во езерото. Се рециклира“, рече Смол. „Но ако исечете дрво и го однесете дома, го отстранувате тој калциум и си го носите дома“.

Затоа што калциумот е круцијален елемент во мрежите од шуми, неговото отсуство на оние микроорганизми кои се сиромашни со калциум им дава мали шанси за адаптација во натпреварот со други на кои им е потребно многу калциум. Во тој случај, декалцификацијата доведува до еколошка војна помеѓу два планктони од видот водена мушичка: дафниа и со желе ибвиениот холопедиум. Погодете кој е одговорен за скореншното желатизинирање на езерата?

– Холопедиумот е полн со желатин, па затоа не му треба сета оваа заштита на калцифицираниот екзоскелет. Тие сега кога калиумот е со ниско ниво имаат голема предност“, вели Смол. „Дафниа, кои се клучни водени мушички, исчезнуваат затоа што ним им треба многу калциум“.

Порастот на холопедиумот за илјада пати ја зголеми смртноста на дафниа. Не само што дафнидите не можат да преживеат со се помалите резерви од калциум, туку се повеќе се жртви на предатори кои се појавуваат со желатизинирањето од холопедиум.

– Многу нешта не можат да ги изедат овие желатинести мушички, објаснува Смол. „Тие се десет пати поголеми затоа што се спакувани во ова желе. Преголеми се и несварливи за да бидат изедени од други организми. Исто така, квалитетот на храливоста на холопедиумот е многу пониска, па затоа тоа има подалекусежни последици врз екосистемот“.

Ларвините мушичккии се меѓу многуте предатори кои не сакаат да го јадат холопедиумот, но обожуваат да се гостат со дафниа – всушност тие се нивниот главен предатор. Но во сета несреќа за мучичките дафниа, и климатските промени исто така го намалуваат кислородот од длабочините во езерата – кој обезбдува подобри услови за растење за ларвните мушички.

– Тоа е свет подложен на повеќе стресови, вели Смол. И е вистински ураган за овие организми“.

Исто така тоа не е проблем само во Канада. Иако 80 езера кои ги истражувале тимот на Смол биле воглавно во Онтарио и Нова Шкотска, холопедиумот царува и во регионите со намален калциум во целиот свет.

– Истиот вид проблеми се случуваат и во Нова Англија, вело Смол. „Имаме извештаи и за присуство на холопедиумот на североистокот од Пацификот. Скандинавија е уште една област со сличен вид на езера и со сличен вид на предизвикувачи на стрес“.

Истерувањето на дафнидиите од страна на холопедиумот исто има последици и надвор од еколошкото пореметување. Големи купчиња желе холопедиуми кои се формираат во езерата ги затнуваат вентилите за испуштање на водата.

– Само во Онтарио, околу 20 проценти од испумпаната езерската вода за пиење е од областите сиромашни со калциум, па и тоа може да биде фактор, вели Смол, и исто така укажува и на естетскиот проблем кои го создаваат овие големи купчиња од желатинизирана маса кои плутаат по езерата и ги загадуваат крајбрежјата.

Не постои лесен одговор кога станува збор за опоравување на еколошкиот баланс помеѓу двете водени мушички, и воопшто помеѓу организмите сиромашни и богати со калциум. „Можеби ќе требаат илјадници години да се врати старата концентарција на езерата со калциум само преку природните доаѓање на водата на водата под околните водени извори“, вели во изјава коавторот Ендрју Таненцап од Универзитетот Кембриџ.

– Во меѓувреме, иако додека се обидуваме да ги сопраме киселите дождови и да ја подобриме киселоста на многу од овие езера, сепак не можеме да оствариме целосно опоравување од скиселувањето, додава тој. „Всушност, повеќето од овие езера ги доведовме во состојба на сосема нова еколошка состојба“.

Па ако отровните алги кои цветаат во езерото Ири не се доволен потсетник да станеме хиперсвесни за загадувањето на езерата во иднина, тогаш нека иднината со без`рбетните маси од желе кои плутаат по езерата бидат освежување за нашата колективна свест. 

motherboard.vice.com

 

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто