Кирби: Проценките на САД се дека би било грешка Полска да испорача руски ловци на Украина

Од:

САД се против испорака на воени ловци од руско производство Миг-29 од страна на Полска на Украина за да не ескалира ситуацијата и да не се исппровоцира руски одговор, изјави Џон Кирби, портпаролот на Пентагон

-Нашите проценки укажуваат дека тоа би било грешка. Би била тешка ситуација за нас, но најмногу за украинскиот народ, кој се соочува со војна и таа војна уште повеќе да ескалира со испорака на офанзивни ловци, рече портпаролот.

Тој истакна дека помалку ризично е кога на Украинците им се даваат „Стингери“ и други рачни оружја за соборување летала и одбрана од тенкови.

-Тие одлично ракуваат со нив и има резултати на теренот. Но испраќање на многу поразорно оружје како воени ловци можа да ја ескалира војната и да предизвика жесток одговор од страна Русите, вели Кирби

Тој изјави дека околу 3000 маринци ќе учествуваат во сојузничка воена вежба во арктички услови под назив „Ладен одговор“ што наскоро треба да одржи во Норвешка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски