Кинезите револтирани, бидејќи војската нема храна

Од:

Кинеските социјални мрежи се вжештиле поради веста дека нивните војниците во тек на спасувачката мисија во Јемен, јаделе само краставички, додека луѓето кои ги штителе биле служени како кралеви.

Се започнало откако весникот „Вечерње новости“ од Пекинг објавил интервју со евакуиран Кинез, кој заедно со уште 570 кинески државјани бил извлечен од воените судири во Јемен.

-Додека бевме на бродот војниците јадеа кисели краставички, но затоа ние на менито имавме осум јадења и пиво. Среќен сум поради тоа, чувствувам топлина кон татковината – рекол тој.

Приказната ја пренеле и останатите медиуми и во неа забележале можност да ја прослават храброста на кинеските војници, но тоа предизвикало револт кај населението кое се запрашало на што се троши воениот буџет, доколку војниците немаат нормални оброци.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски