Кинезите ќе изградат 35.000 јавни тоалети

Од:

Кина оваа година започнува таканаречена „тоалет револуција“ со која планира да го подигне нивото на хигиена на туристичките локации во државата, пренесе „Синхуа“.

Оваа кампања ќе трае три години и за тоа време ќе бидат изградени 35.500 нови, а ќе бидат реновирани уште 25.000 тоалети на јавни локации и тоа во близина на најголемите туристички атракции и во најпосетуваните градови.
-Посетителите долго време се жалеа на хигиената во тоалетите ширум Кина. Ова револуција започнува во момент кога државата бележи пад на бројот на туристи – наведе „Синхуа“.

Според наводите властите соопштиле дека во наредните три години ќе се поправи општата слика и дека ќе се уреди оваа област.

-Туристите долго се жалеа и на бројот и на нехигиенските услови, но и на слабото раководење со јавни тоалети-изјави Ли Ѓинзао од Националната управа за туризам.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски