Кинезите создадоа ултра брзи проектили

Од:

Кина е позната по забрзан развој на својата технологија и доста често е пред останатите држави во своите достигнувања. Овој пат станува збор за нов вид на проектил „Wu-14“, кој може да се движи осум пати побргу од брзината на звукот, што е неверојатно научно откритие во последно време.

Експертите сметаат дека овие ултра брзи проектили може да се искористат и како стратегија за нуклеарна програма на државата.

-Свесни сме за извештајот од овој тест и рутински ги следиме активностите со одбрана на другите држави, но не сакаме да ја коментираме нашата интенција и проценките за системите на странските оружја- изјави потполковник Џеф Пул и на тој начин го изнесе ставот на Пентагон во врска со ова ново кинеско оружје.

Проектилите од овој вид постојат долго, но новите модели можат да патуваат доста долго и брзо, дури и под правилен агол. Експерти од САД сметаат дека вакво нешто би можело да стане сериозна закана за америка и другите светски сили. Во трката за создавање совршена хиперснична ракета, освен Кина и САД учествуваа и Русија која ја најави својата презентација до 2020 година, но исто така и Индија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски