Кинеските власти покренаа истрага против канадска двојка

Од:

Кинеските власти покренаа истрага за двајца канадски државјани осомничени за кражба на државни тајни за кинеската војска и истражувања за националната одбрана.

Кинеската новинска агенција Синхуа информира дека против Кевин Герет и Џулија Доун Герет, Бирото за државна безбедност североисточно од кинескиот град Дандонг, покренало истрага, не наведувајќи детали.

Канадскиот весник „Глоб енд мејл“ пренесе дека Герет се двојка од Ванкувер кои живеат во Кина од 1984 година и водат популарно кафуле во Данонг од 2008 година.

Обвинувањата против оваа двојка уследија една недела откако Канада обвини кинески хакер дека влегол во Канадскиот национален истражувачки центар, најзначајната организација за истражување и развој во Канада.

Кинеското МНР изрази силно несогласување барајќи од Канада да ги повлече обвиненијата „без основа“.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски