Кинеските фудбалски власти доживотно суспендираа 33 лица заради местење натпревари

Од:

Кинеските фудбалски власти суспендираа десетици поранешни функционери и играчи и ја одзема шампионската титула од 2003 година на фудбалскиот клуб Шенхуа од Шангај.

Кинеската фудбалска асоцијација објави дека 33 лица се доживотно суспендирани, 25 имаат петгодишни забрани и 12 тимови се казнети, по завршување на тригодишната истрага против корупција.

Шенхуа од Шангај е казнета со одземање на титулата од 2003 година, парична казна од 160.000 долари и одземање на шест бодови следната сезона поради докази за местење на натпреварот против Шанкси Гуоил, се наведува во соопштението на Кинеската фудбалска асоцијација.

Некои од доживотно суспендираните играчи веќе отслужуваат затворски казни, како што се поранешните високи службеници на Кинеската фудбалска асоцијација Нан Јонг и Џие Јалонг, кои добија по 10 години затворска казна за примање поткуп.

Според Кинеската фудбалска асоцијација доживотно суспендирани се поранешниот судија Лу Јун, кој ја делеше правдата на финалето на Светското првенство во 2002 и четворица кинески интернационалци.

Обвиненијата против казнетите функционери, играчи и судии се за местење натпревари, поткуп и коцкање.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски