Кинеските астронаути успешно ја завршија шестмесечната мисија во вселената

Од:

Тројца кинески астронаути со екипажот на вселенскиот брод Шенжу-13 ја завршија својата шестмесечна мисија на кинеската вселенска станица и безбедно се вратија на Земјата на 16 април, пренесува кинеската државна агенција Синхуа.

Кинеската агенција за вселенска програма за екипаж (CMSA) соопшти дека со мисијата Кина ја потврдила техничката подготвеност на својата вселенска станица, а исто така постави рекорд во должината на престојот на кинеските астронаути во орбитата.

Капсулата за враќање Шенжу-13 со астронаутите Џаи Џијанг, Ванг Јапинг и Је Гуангфу во саботата во 9.56 часот по кинеско време се приземји во областа Донгфенг, автономниот северен кинески регион во северна Монголија.

Тројцата астронаути беа извлечени од капсулата, сместени на столици, изгледаа опуштено и мавтаа кон екипажот на земјата.

Со „добредојдовте дома“ беа поздравени од насобраните кои со камери го овековечија историскиот момент за кинеската всленеска програма.

„Силата и моќта на нашата земја е она што ја изгради вселенската станица. „Горд сум на мојата голема татковина“, изјави Џаи, командант на мисијата за државната телевизија CCTV што вршеше пренос во живо од враќањето на астронаутите на Земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио