Кинескиот универзитет Тјанцин ги отфрли обвиненијата од САД за економска шпионажа

Од:

Кинескиот универзитет Тјанцин денеска ги отфрли вчера поднесените обвиненија против тројца негови вработени, од шестмината обвинети Кинези, што ги упатија САД за сторена економска шпионажа, односно кражба на технологија, што често пати се употребува во воените системи, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на кинески весник.

Американското Министерство за правда вчера информираше за поднесените обвиненија против шестмината Кинези. Тоа е трет пат во последните три години како американските власти покренуваат обвиненија за економска шпионажа во корист на Кина, прашање кое Вашингтон го оцени како првостепен извор на загриженоста за својата национална безбедност.

Три од шесте лица се вработени на кинескиот универзитет Тјанцин.

Високата научно-образовна институција ги отфрли обвиненијата и соопшти дека САД и нанеле штета на академската размена „политизирајќи“ еден научен спор, се дознава од соопштението во дневниот весник „Ѓунго цинјабао“ (Кинеска младина), што е под контрола на Кинеската комунистичка партија.

Еден од обвинените, Хао Чан, 36-годишен професор во Тјанцин, во саботата беше уапсен во Лос Анџелес, откако пристигнал од Кина. За останатите петмина осомничени се смета дека се во татковината.

Хао и уште двајца професори од универзитетот Тјанцин беа обвинети за кражба на код и други информации од производителите на чипови „Аваго технолоџис“ (Avago Technologies Ltd) и „Скајворк солушнс“ (Skywork Solutions Inc), каде двајца од нив работеле.

Универзитетот соопшти дека многу се придржува до академската етика и дека покажува нулта толеранција кон несоодветното поведение на академските лица.

Тјанцин, исто така, посочува дека жестоко ги осудува „непровоцираните
обвиненија“, што и штетат на неговата репутација, додавајќи дека го задржува правото да ги искористи законските средства за да го заштити своето добро име.

Универзитетот ќе им даде хуманитарна и правна поддршка на Хао и неговото семејство во САД.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски