Кинескиот премиер гледа „огромен потенцијал за соработка“ со Грција

Од:

Кинескиот премиер Ли Кечијанг утре ќе допатува во тридневна посета на Атина во чии рамки се очекува двете земји да ја потврдат својата посветеност за зајакнување на билатералните трговски врски, а би требало да бидат потпишани и неколку договори.

Ли, кој во Атина ќе биде придружуван од 14-члена владина делегација, во писмо објавено во „Катерини“ ја изразува својата намера да „отвори нови можности за подлабоки односи меѓу Кина и Грција“.

Опишувајќи ги грчката и кинеската економија како „взаемно комплементарни“, кинескиот премиер вели дека гледа „огромен потенцијал за соработка“.

– Грција ја забрзува приватизацијата и развојот на инфраструктурата. Кина ќе охрабри реномирани фирми да играат активна улога во овој процес, изјави Ли додавајќи дека тие ќе работат со Грција со цел пристаништето Пиреја да биде едно од најдобрите во Средоземното Море.

Кинескиот премиер исто така изрази интерес за аеродроми, железнички, патен и друг инфраструктурен развој, како и за поморски транспорт, логистика и бродоградба.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија