Кинескиот Парламент ќе гласа за законот за национална безбедност на Хонг Конг

Од:

Постојаниот комитет на Националниот народен Конгрес, највисокото законодавно тело во Кина, најверојатно денеска ќе гласа за законот за национална безбедност на Хонг Конг, пишува Глобал Тајмс.

Пратениците на 28 мај ја усвоија „Одлуката за воспоставување и подобрување на правниот систем и механизмите за спроведување за да се обезбеди национална безбедност во специјалниот административен реон Хонг Конг“.

Според весникот, кој се повикува на претставници на Хонг Конг, дискусиите меѓу пратениците завршиле со консензус за законот.

Законодавците, вклучително и повеќе од 10 официјални претставници на Хонг Конг, одржаа шест дискусии за законот. Еден или двајца пратеници од Хонг Конг се присутни во секоја група со цел да биде земено предвид јавното мислење во Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он