Кинескиот активист за човекови права Гао Жишенг ослободен од затвор

Од:

Кинескиот адвокат Гао Жишенг, кој е познат активист за заштита на човековите правата, денеска е ослободен од затвор, откако ја одлежа тригодишната казна.

Гао беше уапсен во февруари 2009 година, откако долги години ја бранеше каузата на кибер дисидентите, христијаните, малолетните лица и селаните, кои протестираа против отуѓувањето на нивната земја.

По апсењето тој неколку месеци беше држен во целосна изолација. Во март 2010 година накусо беше ослободен, но по само неколку месеци повторно беше уапсен и во 2011 година осуден на три години затвор услово, поради прекршување на неговата претходна условна казна, која заменуваше друга казна, што му била изречена уште во 2006 година за „подбучнивачка активност“.

Кога во 2011 година Гао беше осуден на три години затвор условно, следеа остри реакции од страна на САД, ЕУ и на ОН. Кинеските власти првично Гао го ставија во домашен притовор, но на крајот беше испратен во затвор.

Гао денеска беше пуштен на слобода од затворот во Шаја, во далечниот западен Синкјанг-Ујгурски регион. Дисидентот засега немал можност да се сретне со своите најбиски, туку само телефонски разговарал со нив. Тој им соопштил дека патува за градот Урумчи, регионалната престолнина, каде сакал да се подложи на неодложна стоматолошка интервенција, пред да се упати кон домот на неговиот брат, во провинцијата Шанси.

Гао во 2008 година беше номиниран за Нобеловата награда за мир.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски