Кинески хакери упаднале во системите на американска владина агенција

Од:

Кинески хакери упаднале во компјутерските мрежи на американска владина агенција, која ги чува личните податоци на сите федерални службеници, пишува весникот „Њујорк тајмс“.

Според весникот, кој се повикува на високи американски претставници, најверојатно хакерите ги зеле на мета податоците на десетици илјади службеници, кои работеле со строго доверливи информации.

Хакерите во март добиле пристап до некои од базите на податоци на Службата за управување на персоналот, пред федералните власти да ја пресретнат заканата и да им попречат на дејствијата.

Засега не е јасно како хакерите упаднале во системите на агенцијата, наведува „Њујорк тајмс“.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он