Кинески генерал тврди дека не е исклучена воена акција врз Тајван

Од:

Кинески пензиониран генерал Лиу, поранешен директор на елитната академија за воени науки, изјавил дека проблемот со Тајван не може да остане прашање кое ќе се решава на долги патеки и дека е можно Кина и воено да интервенира за присоединувањето на Тајван. Изјавата е објавена на веб страниците на продржавниот весник „Глобал тајмс’’, без пошироко објаснување за поводот за овој став.

Аналитичарите на односите меѓу Пекинг и Тајпеј проценуваат дека се работи за дипломатска порака по објавувањето на информациите според кои Тајван сега има балистички проектили оспособени да го одбранат островот од воздушни напади. Според генералот Лиу Кина не треба да се плаши од алтернативата со воен напад да го обезбеди присоединувањето на Тајван кон матичната држава од која се отцепи во 1.949 година.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски