Кинески фармацевтски производител, поврзан со вооружените сили испратил во Африка експериментален лек против ебола, кој ќе го користат кинеските хуманитарни работници.
Планирано е да бидат направени клинички тестови во обид да се спречи смртоносната епидемија, изјавија челните луѓе на фармацевтскиот концерн „Сихуан“
Компанијата испратила неколку илјади дози од лекот Џеј Кеј 05 (ЈК-05), во регионот, а доколку е потребно може да се испратат уште дози.
– Хуманитарните работници веќе го носат лекот со себе и доколку меѓу нив се појави случај на заболен, тие можат да го користат, истакна еден од директорите на компанијата.
„Сихуан“ потпиша спогодба со Академијата за военомедицински науки, која првично работела на производство на лекот, кој засега од кинеските власти е одобрен за итна воена употреба. До моментов лекот не е тестиран врз кинески граѓани.
Американската инвестициска банка „Морган Стенли“ поседува дел од „Сихуан“.