Кинески државјанин во Америка обвинет за кршење на санкциите бидејќи му помагал на Иран

Од:

Соединетите Американски Држави денеска обвинија кинески државјанин за кршење на американските санкции, бидејќи на Иран му дал материјали што се користат за производство на балистички ракети, објавија обвинителите на Менхетен.

Ксијангјанг Киао работел во кинеската компанија Sinotech Dalian Carbon, која во 2014 година беше ставена на листата на санкционирани компании од американското Министерство за финансии затоа што му помогнала на Иран да купи делови за производство на балистички ракети.

Тој е обвинет дека помогнал во снабдувањето на Иран со изостатичен графит во периодот од 2019 до 2022 година, како и дека отворил банкарска сметка за да добие 15.000 долари од американска банка поврзана со трансакциите, пренесува Ројтерс.

Као е во Кина и не е уапсен, а се соочува со обвиненија за затајување санкции, банкарска измама и перење пари, соопштија обвинителите.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он