Кинеската армија соопшти дека ги завршила задачите околу Тајван, но и оти продолжува со патроли

Од:

Армијата на Народна Република Кина денеска соопшти дека ги исполнила предвидените „различни задачи“ околу Тајван, но оти ќе продолжи со секојдневни патроли.

Тоа се смета како сигнал за можно завршување на големите воени маневери што Пекинг ги покрена веднаш по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван, кој Кина го смета за своја територија.

Воените вежби околу Тајван вклучуваа тестирање балистички ракети од кои неколку го надлетаа главниот град Тајпеј, како и симулација на воздушни напади и поморски десанти.

Кинеската армија во кусото соопштение соопшти дека во операциите околу Тајван „успешно ги се завршени сите задачи и ефикасно се тестирани интегрираните борбени капацитети“.

Притоа во соопштението се додава дека армијата „ќе ги следи промените на ситуацијата во Тајванскиот теснец, ќе продолжи со обуката и подготовките за бораба, ќе организира регуларни патроли во мореузот и одлучно ќе ги брани националниот суверенитет и територијален интегритет“.

Кинеската морнарица и попладнево беше активна во централниот дел на Тајванскиот теснец, што го надлетуваа и борбени авиони.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека средишната линија меѓу двете држави денеска ја прелетале 17 кинески воени авиони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио