Кинеска новинарка осудена на седум години затвор за оддавање државна тајна

Од:

Кинеската новинарка Гао Јие е осудена на седум години затвор и лишување од политичките права во текот на една година заради оддавање државна тајна, соопшти денеска суд во Пекинг, цитиран од ТАСС.

Гао Јие (71) беше уапсена во мај 2014 година под сомнение дека во странство пренела тајни партиски документи.

Во 1994 година Гао била осудена на шест години затвор за слично обвинение, дополнува ТАСС.

Британските медиуми, пак забележуваат дека активистите за правата на човекот го осудија апсењето на Гао и процесот против неа, што, според нив, е доказ за проширување на репресиите против неистомислениците.

На седницата на Советот за правата на човекот на ОН, што беше оддржана минатиот месец, САД ја повикаа Кина да ја ослободи Гао.

Се очекува Кинеската да ја обжали пресудата.

Гао е обвинета дека објавила документ на Кинеската комунистичка партија за опасностите, кои ги кријат „седумте погрешни идеологии“, вклучувајќи ги и „универзалните вредности“ на човековите права, рече нејзиниот адвокат.

Гао е обвинета дека спорниот документ му го предала на шефот на сајтот „Мирор букс“, Хо Пин, што делува во странство, а тој, меѓутоа, тврди дека Гао не му ги предала посочените материјали.

Прес службата на Државниот совет на Кина и судот во Пекинг не одговорија на молбата на западните медиуми за коментар на случајот.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски