Кинеска инфлуенсерка мора да плати казна од 210 милиони долари за даночно затајување

Од:

Хуанг Веи, попозната како Виа, е една од најпознатите инфлуенсерки во Кина со десетици милиони следбеници на социјалните мрежи, а својата популарност, меѓу другото, ја искористи и за продажба и промоција на различни производи.

Таа е обвинета за криење на личниот доход, како и за некои други финансиски прекршоци во периодот од 2019 до 2020 година.

Таа на својата сметка на мрежата Веибо изјави дека и е жал за се и дека целосно ја прифаќа казната на даночната служба.

Триесетишестгодишната Виа стана една од најважните онлајн познати личности во Кина, во голема мера потпомогната од силниот раст на онлајн купувањето.

Избегнала да плати данок на доход вреден 100 милиони долари.

Според кинескиот даночен закон, таа беше казнета од 0,6 до 4 пати поголема од износот на даночно затајување.

Нејзината апликација Taobao е најпопуларната платформа за продажба благодарение на големиот број следбеници.

Според финансиските извештаи, вкупниот промет од трговијата со пренос во живо на Таобао минатата година изнесуваше 76,4 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД