Кина загрижена за својот дел од Кашмир

Од:

Официјален Пекинг денеска изрази несогласување поради одлуката на Индија да го укине специјалниот статус на Кашмир, бидејќи тоа го поткопува територијалниот суверенитет на Кина.

– Постапката на Индија е неприфатлива и нема да има никакво правно дејство, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чинјинг.

Индија ја укина уставната одредба за специјалниот статус на Кашмир, кој гарантираше автономија за целосно да го интегрира тој мнозинско муслимански регион.

Кина ја повика Индија да биде претпазлива кога станува збор за прашањата за границата и да ги почитува договорите кои двете земји ги склучија со цел да се спречат акции кои во иднина би ги комплицирале прашањата на разграничување.

Спорниот регион Кашмир е поделен на три дела. Индија управува со кашмирската долина и делот околу градот Џаму, пакистан ја контролира територијата во западниот дел, додека Кина во своја сопственост ја има слабо населената област во северниот дел.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он