Кина во обид со 10 милиони лица да го „цивилизира“ интернетот

Од:

Дури 10 милиони кинески младинци ќе бидат ангажирани за „пофалби“ и одбрана на властите од напаѓачи од „Партијата 50 центи“.

Меѓу нив се воглавно студенти кои се членови на Комунистичката лига на млади.

За ширење на позитивна енергија на интернет во Кина ќе бидат ангажирани 10 милиони млади луѓе, пред се студенти. Волонтерите ќе ги користат социјалните мрежи за да го „цивилизираат“ интернетот, односно да ја пофалуваат и бранат власта. Доброволците кои ќе учествуваат во создавањето на „кибер цивилизација“ треба да станат „добри кинески нетизени“ (good Chinese Netizens) односно – интернет жители, објави Индепендент.

Во Кина има околу 650 милиони корисници на интернет. Меѓу нив се и милиони кои коментираат и ги „напаѓаат“ оние кои се критички настроени спрема властите.

Тие „напаѓачи“ се познати како припадници на Партијата 50 центи, бидејќис е наводно, платени по 50 кинески центи за една порака.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски