Кина во Џибути ја отвори својата прва воена база во странство

Од:

Кина и официјално денеска во Џибути, на Африканскиот рог, ја отвори својата прва воена база во странство, соопштија британските медиуми.

Кинеските државни медиуми, забележуваат дека отворањето на базата се совпаѓа со чествувањето на 90-годишнината од создавањето на Кинеската народноослободителна армија.

Џибути е држава, лоцирана во северозападниот крај на Индискиот Океан. Оваа активност во Индија ги потхранува стравувањата дека базата ќе се претвори во последниот бисер од таканаречениот бисерен ѓердан од кинески воени сојузи и објекти, што ја опколуваат Индија и во кој се вклучени Бангладеш, Мјанмар и Шри Ланка, забележаа британските медиуми.

Кина оваа база во Џибути почна да ја гради минатата година и Пекинг подвлекува дека тоа е логистички објект, што посебно ќе се користи за претовар на неговите воени бродови, што учествуваат во мировни и хуманитарни мисии крај брегот на Јемен и Сомалија.

Кинеското државно радио јави дека повеќе од 300 лица присуствувале на официјалната церемонија на кревање на знамето на базата, вклучувајќи го и заменик командантот на кинеските военопоморкси сили Тан Чун и министерот за обрана на Џибути.

Кинескиот претседател Си Џинпин лично ја набљудувал реализацијата на амбициозната програма за модернизирање на армијата, вклучувајќи го и создавањето на можности на кинеските вооружени сили да дејствуваат далеку од својата татковина.

Малата држава Џибути се наоѓа на јужниот влез на Црвено Море, на бродската маршрута кон Суецкиот канал, меѓу Еритреја, Етиопија и Сомалија. Во оваа земја свои бази, исто така, имаат САД, Јапонија и Франција.

Во дипломатските средини упорно се зборува дека Кина ќе гради уште вакви бази , на пример, во Пакистан, но Пекинг ги отфрла овие тврдења како шпекулации, забележуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала