Кина вакцинираше 70 милиони луѓе против Ковид-19

Од:

Кина до денеска вакцинираше 70 милиони луѓе против Ковид-19, објавија државните медиуми, повикувајќи се на Националната здравствена комисија.

Од февруари, првиот локален пренос на вирусот во Кина е забележан кај една вработена во болница. Таа примила две дози од вакцината помеѓу јануари и февруари, објавија кинеските медиуми.

Пациентката, идентификувана како Лиу, работи во карантинска болница во градот Ксијан од 4 март. Претежно била ангажирана за собирање примероци од луѓе во карантинот, кои биле тестирани на коронавирус, пишува државниот весник „Хелт тајмс“.

Кина во моментов располага со четири домашни вакцини против Ковид-19 за јавна употреба, а петтата вакцина е одобрена за итна употреба.

Би можело да ве интересира

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени