Најмалку осум лица загинаа, а 17 се ранети вечерва кога студент (21) изврши напад во источниот кинески град Вукси, соопшти локалната полиција.
#BREAKING #China JUST IN: A stabbing spree in Wuxi, China, left eight dead and 17 injured. Police report a 21-year-old student as the suspect. pic.twitter.com/sDWqu6LsCf
— The National Independent (@NationalIndNews) November 16, 2024
Ројтерс јавува дека нападот бил извршен со нож.
Засега нема повеќе детали за ова масовно убиство.
Според полицискиот извештај, осомничениот, 21-годишен маж кој е приведен, бидејќи бил огорчен затоа што не дипломирал.
Инцидентот се случува само неколку дена по инцидентот во кој загинаа 35 лица, а 43 беа повредени откако автомобил удри во група луѓе пред спортскиот центар во јужниот кинески град Жухаи.