А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

by А1он16/04/2025 - 11:37990
Share0

Белата куќа објави дека Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД поради нејзините „одмазднички мерки“.

Добивај вести на вибер

Оваа одлука означува натамошна ескалација на трговскиот конфликт меѓу двете најголеми светски економии.

Новата тарифна стапка, повисока од претходно објавената, беше наведена во информативен документ објавен од Белата куќа, пишува Newsweek. Одлуката доаѓа заедно со извршната наредба на претседателот Доналд Трамп за отпочнување истрага за ризиците за националната безбедност предизвикани од зависноста на САД од увоз на преработени критични минерали и нивни деривати.

На новинарско прашање за новата тарифна стапка, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, на прес-конференција во средата рече: „За точни информации за тарифите, ве молиме контактирајте со американската страна“, објави China News Network.

Тој додаде дека Кина смета дека трговската војна иницирана од САД е неоправдана и дека контрамерките на Кина се неопходни за заштита на легитимните права и интереси, како и за одржување на меѓународната правичност.

„Нема победници во трговските војни. Кина не сака конфликт, но не се плаши да ги брани своите права“, нагласи Лин.

Трамп претходно воведе царина од 10 отсто за увоз од сите земји, но привремено ги суспендираше дополнителните „реципрочни“ царини, различни за секоја земја во зависност од нивните трговски бариери, за да се овозможи преговори за нови трговски договори. Исклучок е Кина, која се соочува со се построги царини, на што возвраќа со слични мерки.

carinikinasad

Би можело да ве интересира

Иран одговори на планот од 15 точки на Трамп и ги објави своите услови за завршување на војната

Горан Наумовски26/03/2026 - 16:09

Иран: Нема преговори со САД

Горан Наумовски25/03/2026 - 21:34

Трамп испраќа елитни падобранци на Блискиот Исток

Горан Наумовски25/03/2026 - 20:18

Иранска државна телевизија: Иран го отфрла предлогот на САД од 15 точки

Горан Наумовски25/03/2026 - 16:04

Адмиралот Купер тврди: Иранците ќе добијат „сигнал“ кога да излезат на улица

Горан Наумовски23/03/2026 - 13:09

„Eрусалим пост“: САД размислува за копнена инвазија на иранскиот остров Харг

Горан Наумовски23/03/2026 - 12:5623/03/2026 - 12:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто