Кина сака мирно обединување со Тајван, Тајпеј бара почитување на суверенитетот

Од:

На годишната седница на кинескиот парламент, премиерот Ли Кечијанг рече дека е за „мирно обединување“ на Кина со Тајван, на што Тајпеј одговори со изјава во која го повика Пекинг да го почитува суверенитетот на Тајван, посветеноста на демократијата и слободата.

„Треба да се залагаме за мирен развој на односите преку Тајванскиот теснец и да го забрзаме процесот на мирно обединување на Кина“, рече Кечијанг пред околу 3.000 делегати во Големата сала на народот во Пекинг, пренесува Танјуг.

Кечијанг изјави дека кинескиот парламент треба да ја спроведе политиката на кинеската Комунистичка партија за „решавање на тајванското прашање“ и „да преземе решителни чекори за да се спротивстави на независноста на Тајван и да го промовира повторното обединување“ на Кина и Тајван.

Тајванскиот совет за работи со копното, или Кина, одговори со соопштение во кое нагласува дека ентитетите од двете страни на Тајванскиот теснец „не се подредени еден на друг“, што, како што велат, е реалност што Пекинг треба да ја прифати.

Во соопштението се вели дека Кина треба „да ја почитува посветеноста на тајванскиот народ кон принципите на суверенитет, демократија и слобода на Република Кина“, името што Тајпеј го користи за територијата.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија