Кина „пукна“ под американскиот притисок: Плашејќи се од нови санкции, ги суспендираше купувањата на руска нафта

Од:

Кинеските државни нафтени компании ги прекинаа купувањата на руска поморска сурова нафта откако САД воведоа санкции врз Роснефт и Лукоил, соопштија трговски извори. Одлуката на кинеските енергетски компании „ПетроКина“, „Синопек“, „ЦНООК“ и „Женхуа Оил“ привремено да ја прекинат трговијата со руска сурова нафта дојде поради страв од секундарни санкции и потенцијални компликации во меѓународните плаќања и осигурувањето за транспорт, соопштија изворите, објави „Ројтерс“.

Индија, најголемиот купувач на руска поморска нафта, се подготвува значително да го намали увозот на сурова нафта од Русија за да се усогласи со новите мерки на САД.

Остриот пад на побарувачката од Кина и Индија, две земји кои учествуваат со повеќе од две третини во извозот на руска поморска нафта, би можел значително да ги намали приходите на Москва и да ги зголеми глобалните цени на нафтата, велат аналитичарите.

Според податоците од „Вортекс аналитика“, кинеските државни компании купиле во просек помалку од 250.000 барели руска нафта дневно во првите девет месеци од оваа година, додека „Енерџи аспектс“ го проценува обемот на околу 500.000 барели дневно.

Поголемиот дел од рускиот извоз, околу 1,4 милиони барели дневно, продолжува да го купуваат независни кинески рафинерии познати како „чајници“.

Роснефт и Лукоил традиционално продаваат нафта на Кина преку посредници, а не директно на државни компании.

Независните кинески рафинерии веројатно ќе ги паузираат купувањата на краток рок за да го проценат ризикот од санкции, но аналитичарите очекуваат дека ќе се обидат да одржат ограничена трговија со руска сурова нафта.

Кина, исто така, увезува околу 900.000 барели руска нафта дневно преку цевководи што ја опслужуваат PetroChina, за која трговците велат дека нема да биде значително засегната од новите мерки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Американската војска уништи брод на наводни дилери во Тихиот Океан

„Дер Шпигел“: Макрон предупреди дека САД би можеле да ја „предадат“ Украина

САД ја продолжуваат лиценцата за одредени меѓународни операции на Лукоил до 29 април 2026 година

Кремљ: Не е вистина дека Путин го одби мировниот план на САД за Украина

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Европската улога го спречи можниот договор меѓу САД и Русија за Украина

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Европа ги попречува обидите на Вашингтон и Москва да ја прекинат војната